Петар Печков
Објавено: вторник, 28 октомври 2008
Иако списокот на пријавени кандидати за највисокото општинско признание 9-ти Ноември се чуваше далеку од јавноста, ТРМР успеа да стигне до листата. За наградените ќе одлучува Советот на општината на седница закажана за 3-ти номеври, понеделник. Дотогаш имате единствена можност со Ваши ставови, кои очекувам дека ќе бидат коректни и конкретни, да го кажете мислењето. Предлозите се од поединци, фирми, советници, клубови, здруженија на граѓани.
За наградата за животно дело, велешани или поединци кои дале голем придонес за развојот и историјата на Велес, предложени се: Кирил Попов актер, Гемија компани, Трајко Арсов Стојанов адвокат, Петре Чиров поранешен вработен во Брако, Олга Синадинова наставничка, Илија Васков максиофасцијален хирург, Катица Ќулафкова писател, Фехим Хусковиќ академски сликар.
За 9-то Ноемврското признание кандидати се: Славчо Давитков професор по физичко, Игор Крајчев писател, Фондација Рамковски, Гимназија Кочо Рацин, Славјанка Љуткова писателка, Никола Бисинов тренер во ракомет, фолк групата Соната, Средно училиште Коле Неделковски, Јовица Темов професор по македонски, здружение Којнички средби, Благој Ламњов студент, Зоран Ѓуровски советник, Месна индсустрија Агрија, Ангел Мишков пирограф, маратонците Трајче Михов, Виктор Толески и Срѓан Милошевски.

Tweet |