Петар Печков
Објавено: сабота, 26 декември 2015
Велешкото движење Мовембар собраните средства од нивната активност во ноември, ги предаде на Зоран Димов. Денес на Градскиот стадион имаше хуманитарна трка, каде дојдоа претставници на Мовембар Велес и собраните 30 илјади денари ги предадоа на организаторите.
Во текот на ноември месец, имаше продажна акција на сувенири, маички, значки, шолји со знакот на Мовембар, со цел подигање на свеста за машкото здравје. При ова беа собрани 30 илјади денари, средства кои тогаш се најави дека ќе се доделат локално, на некој сограѓанин, кому му се потребни и значајни. Мовембар реши и не згреши да му ги даде на Зоран! Гест за почит!!
Tweet |