речник контакт

Мовембар по седми пат кај велешани ја подига свеста за ,,машките,, болести

Дружењето во текот на овој месец и продажбата на маичките имаат хуманитарен карактер, собраните средства ќе бидат донирани на сограѓанин, на кои му се потребни за лекување

Петар Печков

Традиционално, годинава по седми пат во Велес  започна ноемвриското дружење  мовембар. Неформалната група велешани,  која еден месец во годината го посветува на машкото здравје, и овој ноември со свечено забричување во Паб, ги започна активностите, кои ќе траат до крајот на месецот. 

И овој ноември преку различни форми на активности  се дружиме, забавуваме  и пред се, се бориме  со предрасудите  за рано откривање на т.н. машки болести -рак на тестиси и рак на простата.   Со оваа наша акција, со купување  маичка мовембар, донираме, градиме стил, поддржуваме, ги поттикнуваме мажите да бидат свесни за поздрав начин на живот.  Или  ја менуваме сликата и ги тргаме предрасудите за машкото здравје - вели Ѓорги Нанов еден од  организаторите на движењето Мовембар.

Тие за нивниот ангажман во подигање на свеста кај машката популација добија и  9-то ноемвриска благодарница од градот.   

Дружењето во текот на овој месец и продажбата на маичките имаат хуманитарен карактер, собраните средства ќе бидат донирани на сограѓанин, на кои му се потребни за лекување.  На крајот од месецот на завршната забава вообичаениот т.н. симпозиум ќе биде избран нај мустаќ и мустаќ во обид.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »