Петар Печков
Објавено: четврток, 04 декември 2014
Пребројани се средствата кои се собраа од месечната акција Мовембар. Младите велешани, учесници во ова движење, собраа 19 илјади денари. Тие се од саботната забава, продажбата на маички, шолови, аукција.
Организаторите се задоволни од одѕивот, од учеството на младите од машката популација., со што е постигната целта, подигање на свеста за ,,машките болести,, рак на простатата и тестисите.
Собраните пари 19 илјади денари се префрлени на светското движење Мовембар, кој е едно од 100-те највлијателни граѓански движења во светот
Tweet |