речник контакт

Модуларната болница во Велес, повторно отворена за ковид пациенти

Во Модуларната болница има сместено четворица пациенти сите позитивни на ковид-19

Петар Печков

Од денес, сабота, повторно е отворена Модуларната болница во Велес, чиј капацитет е 42 кревети. Ова доаѓа откако Инфективното одделение  се наполни со пациенти, позитивни на ковид-19.

Таа беше затворена на 26-ти мај, поради малиот број на позитивни случаи, а започна со работа на  17 март.

„Во Модуларната болница има сместено четворица  пациенти сите позитивни на ковид-19 а во Инфективното одделение 47 “ - соопшти д-р Елеонора Јованова, портпарол на велешка Болница. 

Освен од Велес, во ковид одделенијата на велешка Болница згрижени се пациенти од Свети Николе -14 и  осум од Горно и Долно Јаболчиште.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »