Петар Печков
Објавено: четврток, 18 март 2021
Заради заштита и обезбедување на модуларната болница, директорот на оваа здравствена институција, побара ангажман на војниците на АРМ, за да немало контакти на роднини, пријатели со лицата кои се таму згрижени.
„Модуларната ковид болница не е во склопот на постојните објекти и не ја покрива обезбедувањето кое ни е ангажирано, затоа побарав од Општинскиот кризен штаб да се ангажираат неколку војници на АРМ за нејзино обезбедување“ - рече д-р Божидар Бојаџиев, директор на велешката Болница.
Tweet |