речник контакт

Може да се користи само скапа и евтина струја, средна нема

Не е можно да се користи средната тарифа за цената на струјата. Можете само евтина и скапа, или да се вратите на монофазна.

Петар Печков

Не мало изненадување доживеале корисниците на ЕВН Македонија кога побарале наместо дво тарифен систем на користење на струја да имаат еден. Или наместо да плаќаат евтина и скапа струја, побарале  да плаќаат по една тарифа - средна. Од ЕВН биле одбиени со образложение дека  имаат нови дигитални читачи каде не постои такво решение.

Со неколку пријатели отидовме да побараме да ни се смени тарифата и да имаме една средна цена на плаќање на струјата преку цел ден. Дома есапевме и дојдовме до заклучок, откако се укина дневната евтина тарифа, подобро е вака. Но бевме одбиени со образложение дека тие на нивен трошок инсталирале нови читачи и не можеме  сега да се префрлиме. На моето прашање дали некој од нив побарал да се инсталира таков саат одговор не добивме. Сега ние ќе мораме да плаќаме скапа и евтина струја шест дена во неделата,  иако тоа за нас е најскапата варијанта и неприфатлива варијанта -  велат велешани кои побарале да им се врати средната тарифа за плаќање на искористената струја.

Со слични планови беа повеќе велешки семејства кои  спасот од високите цени на електричната енергија решија да ги побараат во средна цена наместо скапа и евтина. Од ЕВН Македонија објаснуваат дека тие постапиле согласно законската регулатива, ништо на своја рака.

ЕВН ги промени старите саати со нови дигитални согласно Законот за енергетика, кој тоа го бараше од нас. На овие читачи постои само скапа и евтина тарифа. Укинувањето на евтината дневна струја беше заради тоа што во периодот до 13 до 16 часот имаше зголемена потрошувачка, која мораше да се компензира со скапа увозна. Ако некој сака да има една цена која нему му одговара,  треба да го користи старото монофазно броило, но тогаш колку од домашните апарати ќе му бидат употребливи бидејќи се  корисници на дво и трофазна струја – велат од ЕВН Македонија.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »