речник контакт

Можни инвестирања од Македонците од дијаспората

Канадскиот бизнисмен со македонско потекло Џон Битов вчера доби поддршка од Владата за проектот со кој е почната изработка на...

Аница Солева

Канадскиот бизнисмен со македонско потекло Џон Битов вчера доби поддршка од Владата за проектот со кој е почната изработка на физибилити-студија за можностите на земјава и направениот значаен прогрес како поволна бизнис-дестинација и реформите што се во тек. На средбата со премиерот Владо Бучковски, Битов најавил дека во Македонија од септември годинава ќе допатуваат 20 најголеми бизнисмени од САД, Канада и Австралија со цел да се договори од нивна страна промоција на земјава во странство, дефинирање на областите каде што се подготвени да инвестираат и на тој начин да се поддржи економскиот развој на Република Македонија. Македонскиот премиер, како што се вели во соопштението од средбата, најавил конкретни бенефиции за македонската дијаспора која ќе инвестира во земјава. Според него, влегувањето на „Џонсон контролс\" во земјава претставува дополнителна гаранција за инвестирањето во Македонија и привлекувањето други странски инвеститори. На средбата, како што соопшти Кабинетот на премиерот Бучковски, станало збор за зацврстување на односите меѓу Македонија и македонската дијаспора, со цел преку поинтензивни активности да се поттикне дијаспората да инвестира во земјава и заедно да се работи на лобирање за северноатлантско интегрирање на Македонија. Извор: [url=rss.utrinski.com.mk/default.aspx?pbroj=2112&stID=71400&pR=3]Утрински весник[/url]

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »