Петар Печков
Објавено: понеделник, 10 септември 2012
Во неделата кога Светата Православна Црква го празнува споменот на светиот маченик Фануриј - заштитник на учениците, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес се отслужи Света Божествена Литургија.
По Литургијата се отслужи молебен за успешна школска година да ги просветли сите ученици, за да бидат за радост на своите родители и од полза на татковината . На молебенот на сите присутни дечиња во храмот им беше дарувана икона со ликот на Мајката Божја и на свети Фануриј, а на која беше испишана и молитвата за учење.
Tweet |