речник контакт

Момче од Мелница полово нападнало десетгодишник

Детето се враќало од продавница, а тоа од срам го криело настанот два дена

Петар Печков

СВР Велес поднесе кривична пријава против лицето Е.З. (19) од село Мелница, велешко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете“ .

Пријавениот на 27.07.2016 год. околу 19.00 часот во Мелница го пресретнал десетгодишното дете, кое се враќало од локалната продавница  кон дома, го кренал во раце и го однел во сокак кој се наоѓал подалеку од домот на детето, каде што го извршил половиот напад. После насилниот сексуален акт пријавениот побегнал , а детето заминало дома.

Од срам не кажало никому. Наредниот ден (28.07.2016) неговата мајка забележала дека детето е изнемоштено и не може да се движи, по што разговарала со детето и детето кажало што се случило. Истиот ден настанот бил пријавен во СВР Велес, бил извршен лекарски преглед на детето во ЈЗУ„Општа болница“ Велес, а по консултации со Јавен обвинител детето заедно со неговата мајка е однесено на преглед во Судска медицина – Скопје .

Пријавеното лице е приведено на ден 29.07.2016 год. во 06.30 часот а подоцна во текот на денот  по барање на Јавен обвинител, судија од Основен суд Велес му изрекол мерка притвор од триесет дена. 

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »