речник контакт

Момче паднало од мотор на пат кон Којник

Се здобило со скршеница на скочен зглоб

Петар Печков

Момче паднало од мотор, на пат кон Којник, и се здобило со скршеница. Деталите од информацијата на велешката полиција и болница.

„На 26 август во 22:15 часот во СВР Велес е пријавено дека на ул.„Васил Ѓоргов“ во Велес, К.П.(25 год) од Велес, управувајќи мопед со скопски регистарски ознаки, паднал на коловозот“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.П., констатирани во Општата болница Велес.

„Повреденото лице има скршеница на скочен зглoб, згрижено е дадена здравстена нега и пуштено на домашно лекување“ – кажа д-р Ванчо Граматов, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »