речник контакт

Мост во Самобор доби име по збратимениот Велес

Мостот е именуван во чест на долгогодишното пријателство помеѓу двата града, Самобор и Велес и годишнината од печатењето на стихозбирката ,,Бели мугри,,

Петар Печков

Во чест на 76 годишнината од издавањето на стихозбирката ,,Бели мугри,,  од Кочо Рацин, во Хрватскиот град  Самобор, мост  беше именуван по градот Велес. Двата града се збратимени, токму поради печатењето на стихозбирката во овој град, помогната од Драгутин Шупер.

Дрвениот мост  минува над реката  Лавица, се наоѓа спроти Градскиот музеј на Самобор. Одлуката за именување е донесена од страна на Градското собрание на Самобор и датира од пред три години, а беше свечено  изминатиот викенд.  Плочата со името е откриена од страна на двајцата градоначалници на Самобор Крешо Бељак и на Велес Славчо Чадиев.

Соработката помеѓу Самобор и Велес, пријателството  меѓу двата града трае уште од 1977-ма година а продолжуваме и натаму, во интерес на двата града и народа  - изјави Крешо Бељак.

Тој неодамна престојуваше во Велес, по повод  Денот на Општината 9-ти ноември, кога по три децении, имаше можност да се врати во градот каде бил гостин  во времето на Детските Рацинови средби, при што  оствари средби и со фамилијата Трајковски каде тогаш  престојувал.

 Истовремено во Самобор се одржаа и годишен собир на Македонците кои живеат во Хрватска како и Денови на Македонската култура.  

Стихозбирката ,,Бели мугри,, е отпечатена на 25 ноември 1939-та година во Самобор - Хрватска, во  тираж од 4 илјади примероци.  Таа е првата стихозбирка на македонски јазик и во неа преовладуваат социјални и  револуционери теми.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »