речник контакт

Мостовите на Вардар во велешко, не се повеќе во опасност

Децениските стебла дрвја беа опасност по стабилноста на три моста во велешко

Петар Печков

Надојдениот Вардар најмногу проблеми изминатите два дена создаде на трите моста  на реката во велешко.  Во опасност по безбедноста беа мостовите кај Башино село, кај Ногаевци и Уланци. На нив  надојдената река натрупа големо количество стебла и отпад, поради што стабилноста беше нарушена.

Побаравме од локалните власти, оти тоа се мостови кои се на регионален пат, да ги исчистат и  отстранат дрвјата.  Тие беа  закачени на носечките столбови, па  беа нестабилни и опасност за сообраќајот и безбедноста.  И двете локални власти во Велес и Градско со нивна механизација, ги отстранија. Реката сега е далеку од излевање но и натаму ја следиме состојбата – изјави Билјана Симова од Центарот за заштита и спасување  во Велес. 

Таа информираше дека досега никој од излеаните подрачја на реките Тополка и Бабуна во велешко, не пријавил штета. Од општина Велс и општина Градско информираа дека претходните денови мостовите кај Башино село во општина Велес, и Ногаевци и Уланци во општина Градско биле постојано следени и чистени.  

Ангажирани беа екипи кои работеа на расчистување на столбовите на мостот,  на отстранување на дрвјата, некои и повеќедецениски, кои Вардар ги донесе овој пат  преку Пчиња од Кумановско во велешко – велат од  локалната власт на  Општина Велес.

Тие  стебла што минаа низ Велес, се закачија ан мостовите во Уланци и Ногаевци, општина Градско. Но и нив тамошната локална власт два дена ги отстрануваше. Сите три моста сега се проодни безбедни. Слична состојба беше и пролетва за Велигден, кога Вардар овие три моста, поради високиот водостој и нанесените стебла, ги доведе во опасност

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »