речник контакт

Мостовите со наноси на дрвја

Кога ќе се намали нивото на реката Вардар, ќе се отстранат дрвјата, сега се безбедни

Петар Печков

Минатонеделното високо ниво на реката Вардар кога тој се разлеа во центарот на Велес , донесе и бројни дрвја. Дел од нив се закачија на носачите од двата моста во градот, Гемиџии и Стар мост. Граѓаните стравуваат за безбедноста, оти мостовите се нишале а од општина Велес, стигнуваат смирувачки вести, мостовите се безбедни.

Не е нарушена стабилноста на двата моста. Нема никаква опасност по безбедноста  на минувачите и автомобилите. Иако мостот Гемиџии е под надлежност на Агенцијата на патишта, како и претходниот пат, есеноска,  ние ќе ги отстраниме дрвјата. Само ќе треба да се симне нивото на реката, за да можат стручните екипи да  работа. Исто така ќе постапиме и со Стар мост, иако таму е многу потешко да се пријде со механизација, нема пристап. Но и тие дрвја кога Вардар ќе има ниско ниво ќе ги отстраниме – изјавија од Општина Велес. 

Пред недела дена, кога Вардар имаше голем проток, поради сигурносни причини беше забранет за користење мостот кај Башини Село. Откако беа отстранети наносите на стебла, кои сериозно ја нарушија стабилноста, мостот по 12 часа беше пуштен за сообраќај. Но и на  неговите носачи има закачено дрвја  и тие ќе треба да се отстранат.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »