речник контакт

Мостот кај Ногаевци попушти под надојдениот Вардар

Мостот на реката Вардар кај Ногаевци го однесе реката, жителите заробени дома

Петар Печков

Двеста жители на велешкото село Ногаевци се отсечени од светот откако мостот на реката Вардар беше однесен. Во неделата напладне околу 11 часот  надојдената река го прекршила мостот во средината во должина од десетина метри, па така сега селаните не можат да прејадат на другата страна, остануваат во нивните домови.

Единствената добра работа е што нема жртви, бидејќи мостот е фрекфентен, тој е наш излез во светот. Беше однесен кога немало никој на него, иако е недела пазарен ден. Сега сме отсечени од светот, не можеме никаде да одиме, не дај Боже ако ни затреба доктор, ќе треба со хеликоптер да доаѓа. Колку пати укажувавме  преку вашиот весник, дека мостот е оштетен и прашање на време е кога ќе биде однесен, но надлежните го избегнуваа решавањето на проблемот. Еве сега се случи, но немаме никаква реакција од некого  од локалната власт на Градско, да се јави телефонски да започнат било каква акција за нас селаните – велат жителите на Ногаевци каде има околу 40-тина семејства со 200 жители.

Од едната страна на мостот се полициски екипи кои не дозволуваат никој да се приближува него,  а екипи на ЈП Македонија пат посипуваат земја како препрека, за да во текот на ноќта случајно некој автомобил не заврши во реката Вардар. Селаните не знаат како тие што во неделата биле не пазар во Велес, ќе дојдат дома и што ќе се случува со производството на рано градинарските производи, кои под фолии ги одгледуваат, како тие да стигнат до потрошувачите.

За нив тоа  е животно прашање бидејќи сите фамилии во Ногаевци се земјоделци или сточари. Пред голем проблем е и преработувачката млекарска фирма ,,Милком,, најголемиот млечен преработувач во регионот, која сега се наоѓа во незавидна состојба бидејќи таа го откупува млекото од велешките сточари.

Двеста и педесет кооперанти сега се во неизвесна ситуација, нема каде да го предадат млекото, ние пак нашите производи кои треба наутро да се најдат во продавниците во велешко. Нема излез, нема пат.  Затоа нашата механизација од фирмата, заедно со селаните ја употребуваме да оспособиме некој времен излез до селото Кочилари, но ѓаволски е тешко бидејќи има многу вода пои теренот – изјави сопственикот на млекарницата ,,Милком,,.

Надојдениот Вардар, се изли во околината на Велес, во месноста Речани и во центарот на градот при што е поплавено  повеќе хектари обработливо земјиште. Од големите дрвја кои ги носи реката, мостот кај Башино село, на приодот за Велес, беше забранет за сообраќај неколку часа, додека не се исчистија неговите носачи.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »