Петар Печков
Објавено: недела, 21 август 2011
Измиантите денови дрвото кое беше закана по безбедноста на мостот Гемиџии е отстрането. По нарачка на општинските власти, стручни екипи влегле и го исекле.Сега мостот е безбеден и нема закана по неговата стабилност.
Дрвото беше донесено од надојдениот Вардар при поплавата на 5-ти декември ,и пролетва тоа пролиста и зазелени иако немаше корен. Се чакаше само погоден момент, кога нивото на реката Вардар ќе ниде ниско, за да може да се исече и неговите делови да се пуштат по неа.
Tweet |