речник контакт

Мостот Гемиџии затворен за сообраќај, се реконструира

Каде и како се пренасочува сообраќајот. Полицијата бара да не се паркираат автомобилите на приодните улици по кој сега ќе се одвива сообраќајот. Мостот се планира да биде затворен до крајот на август

Петар Печков

Од 30 април годинава, среда  од 4 часот се воспоставува времен режим на одвивање на сообраќај за време на реконструкција на мостот „Гемиџии“ на река Вардар на улица „Илинденска“ во Велес (Нов Мост)

Дел од улицата „Илинденска“ (Нов Мост) ќе биде затворен за сообраќај, и истиот ќе се одвива по улиците „8ми Септември“ преку „Стар Мост“ , кон улица „Петре Прличко“ и „Димитар Влахов“ .
   
Товарните возила кои влегуваат во Велес откај Штипска клучка, ќе се упатуваат преку населба Речани кон крстосница Башино Село, од каде ќе можат да влезат во градот. Полицијата го препорачува овој правец и за останатите учесници за да се избегнуваат гужвите во градот.

 Мостот ќе бдие затворен и за пешаци и за автомобили. Реконструкцијата е предвидена да трае до 31 август. СВР Велес ќе превземе мерки за безбедно одвивање на сообраќајот .

 СВР Велес апелира до возачите да ја почитуваат поставената сигнализација  и ги замолуваме да се воздржат од паркирање на своите автомобили на наведените улици, заради нормално и безбедно одвивање на сообраќајот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »