речник контакт

Мостот Гемиџии обновен и реконструиран

Реконструкцијата траеше 7,5 месеци а потрошени се 34 милиони денари, Буџетски средства

Петар Печков

Завршена е реконструкцијата  на мостот Гемиџии во Велес, која траеше  седум и пол месеци, започна на 3-ти март а на 17-ти  октомври бил извршен технички прием на објектот.   Мостот е долг 172  а широк 12 метри, со две коловозни ленти. 

Четири и пол месеци пред рокот, извршена е  комплетна реконструкција на мостот. Така по  50 години  извршена е целосна санација  на носивиот дел,  инјектирање на  бетон на столбовите,  мостот  е засилен со арматура. Се променија сливниците,  се постави хидроизолација. ,,Гемиџии,, сега  е безбеден и употреблив.  Им се заблагодарувам на сите кои минуваа низ Велес изминатиот период,  за трпението што го имаа  додека тој беше вон употреба – рече Љупчо Георгиевски директор на ЈП  за државни патишта. 

За реконструкцијата  потрошени се 34 милиони денари Буџетски средства.  Обврската која градоначалникот  на Велес Славчо Чадиев, сам  ја најави дека  локалната власт ќе постави нова ограда  на мостот ќе се реализира до година.

Ќе поставиме нова ограда, следната година. Истата ќе се изведе по консултации со граѓаните, како сакаат тие да изгледа, оти годинава средствата општината од Буџетот ги намени за изградба на индустриски зони – изјави  Чадиев.

Мостот Гемиџии беше изграден во средината на  50-тите години од минатиот век. За пуштањето во употреба преку него свечено минал, бродот Галеб на пат кон Охрид.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »