Петар Печков
Објавено: вторник, 05 ноември 2013
Мостот Гемиџии во Велес попушта пред товарот на годините и времето. Долги години тој не е саниран, така што и со голо око се видливи оштетувањата на него. Крпеници на местата каде напукнува, бетонски плочи кои се скршени, таква е сликата на некогашната гордост на велешани Новиот мост, како што тие сеуште си го именуваат. Кога минуваат по него ќе ги забележат оштетувањата, но соседите, добро го знаат секој негов камен.
Од страните, каде има пукнатини се ронат камења. Отвоите се видливи со око. Со оглед на неговата старост од шест децении и дека одамна не е саниран, рабирливо е оштетувањато. Преку зиме се истура сол, за заштита од мраз, која потоа навлегува во него и еве до каде стаса состојбата. Искено ние сметаме дека е крајно време тој да се санира – велат соседите на мостот, кои се сведоци на неговата состојба.
Пред пет години беа псотавени метални држачи, кои како времено решение требаше да обезбедат безбедност за мостот. Но и натаму состојбата не е санирана, сметаат велешани и за нив мостот Гемиџии, има нарушена статичка состојба. Проблемот со мостот датира од 1997-та година.
Од страна на стручни лица извршен е увид во состојбата на „Гемиџии“,кои пред повќе години констатирале дека одронувањето на градежниот материјал од мостот се должи на нагризувањето од атмосферската вода и солта што се користи во зимскиот период. Затоа тие потенцираат дека е потребно подготовка на проектна задача за санирање на оштетувањата кои ги вознемирува велешани.
Но и по толку време ништо не беше превземено за санација, а времето само повеќе го оштетува мостот. Од ЈП за државни патишта ветуваат дека тој догодина ќе влезе во програмата за работа. Ова го потврди и ресорниот министер.
Мостот „Гемиџии“ во Велес е во една незавидна ситуација, за него се подготвува проект и ќе биде цеслоно реконструиран во текот на наредната година. Проектот треба да биде завршен до крајот на оваа година, по што ќе биде дел од програмата на Јавното претпријатие за државни патишта и ќе биде целосно реконструиран во текот на 2014 година, изјави министерот Јанакиески.
Мостот Гемиџии е пуштен во сообраќај во далечната 1965 година а преку него прв, со специјално возило, е превезен бродот „Галеб“ за Охрид. Оттогаш соседите потсетува дека на него не се вршени поправки. Деформации има и кај делот каде што минува железничката пруга Скопје – Солун, кои се поради тежината и бројноста на композициите кои секојдневно проаѓаат, па мостот почнал да попушта.
Tweet |