Петар Печков
Објавено: петок, 18 декември 2015
Мостот кај Башино село, кој е единствената врска за индустрискиот дел на Велес бара неопходна реконструкција. Преку него секојднево минуваат стотици тешки возила, бидејќи тоа е влезот за Велес, за индустриската зона.
Но тој при секое доаѓање на реката Вардар со повисоко ниво, е под закана за оштетување па се случува да биде затворен и за сообраќај.
На него се напластуваат остатоци од дрвја, кои реката ги носи, така што корисниците и за жителите на Башино село, тој им е најблиската врска со градот, но и стручните лица, препорачуваат дека треба да се испита неговата состојба.
Редно време е мостот на Вардар да биде реконструиран, да се испита колку е здрав, колку може да ности. Оти годините си ги има, но потребна е негова рехабилитација. Секое доаќање на Вардар го оштетува – вели камионџија, кој поради карактерот на работата секојднево минува преку мостот.
И локалната власт ги констатирала истите факти, па започнале постапка со која ќе се утврди состојбата на мостот.
Влезот во Велес од Запад и до индустрискта зона е единствено преку овој мост кај Башино село. Тој е многу оптоварен и затоа поднесовме барање, стручни лица да ја проценат состојбата на мостот. Колку време уште може безбедно да се користи, дали е непоходна реконструкција, проширување или некои друго решение – изјави градоначалникот Чадиев.
Tweet |