речник контакт

Мостот кај железничка Рајко Жинзифов оштетен

Стотина жители од трите велешки села С`лп, Сопот и Белештевица се отсечени откако висечкиот мост се оштети од надојдениот Вардар.

Петар Печков

 

Стотина жители од трите велешки села С`лп, Сопот и Белештевица се отсечени откако  висечкиот мост се оштети од надојдениот Вардар.

Тој ги спојуваше со железничката станица Рајко Жинзифов и автопатот кон Велес, но пред три седмици од  стебло од дрво кое го носела реката, удрила во него и серозно е оштетен во средината. На тоа место е видлива голема дупка, која селаните заради импровизирано одење преку мостот,  ја пополниле со две стебла.

Сега да се оди преку него е опасно по живот и треба многу храброст за да се мине  Вардар. Селаните бараат помош од локалната власт или државата, да го оспособат мостот за да можат да минат безбедно  преку реката.

Тој е изграден во 50-тите години на минатиот век. Мештаните велат дека досега сами се снаоѓале кога требало да се санира. Но, последните оштетувања се големи, а помош немаат од никаде.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »