речник контакт

Мотел „Македонија“

На паркингот пред мотелот „Македонија“ кај Велес стигнуваат автомобили за да се одморат од напорното патување кон Грција. Наместо кафе, ладни и пијалаци и закуска најдоа затворени врати на објектот, кој е запустен и обраснат во трева. Тие се чудат зошто мотелот не работи.

Петар Печков

На паркингот пред мотелот „Македонија“ кај Велес стигнуваат автомобили за да се одморат од напорното патување кон Грција. Наместо кафе, ладни и пијалаци и закуска најдоа затворени врати на објектот, кој е запустен и обраснат во трева. Тие се чудат зошто мотелот не работи.

- Како може вака убав објект да биде затворен. Како да не сакате да заработите. Штета е што Македонија ќе ја минеме, а нема каде да се одмориме - велат полските туристи.

Мотелот „Македонија“, кој е единствен репрезентативен објект на автопатот Скопје-Гевгелија, трета година едноподруго не работи. На туристите ништо не им значи што сопственикот на мотелот, фирмата „Интернационал“ отиде во стечај, имотот на мотелот стана сопственост на Стопанска банка, која во минатата есен не успеа да го продаде за 98 милиони денари поради нерасчистени судски спорови.
Во Стопанска банка соопштуваат дека сите проблеми сега се надминати и дека наскоро може да се очекува продажба на мотелот. Банката веќе барала потенцијален купувач.

\"\"Мотелот „Македонија“ беше од Б-категорија со 45 соби и 100 легла, два ресторана, казино, кугларница. Мотелскиот комплекс е обезбеден со инфраструктура, водовод, канализација, телефон, интерно парно, а располага и со кампинг-простор, кој се наоѓа покрај реката Вардар.

Додека тој не проработи странските туристи, кои патуваат на летување во Грција, само ќе ја минуваат Македонија бидејќи нема каде да се одморат.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »