Петар Печков
Објавено: понеделник, 17 септември 2012
Не се продаде Хотелот во Горно Врановци, откако на јавното наддавање не се пријави ниту еден потенцијален заинтересиран купувач. Во писменото соопштение од Општина Чашка, која го продаваше имотот стои дека ,,јавното наддавање заврши без никој да стекне статус на најповолен наддавач,,
Почетната цена беше 500 илјади евра а претходно градоначалникот на Чашка велеше дека има заинтересирано странски купувачи од Анкара и Измир. Јавното наддавање беше затворено за јавноста иако минатата седмица новинарите беа повикани да го следат истото.
Овој хотел во Горно Врановци општина Велес и го подари на Општина Чашка, па Државниот инспекторат за локална самоуправа донесената одлука за подарување на Хотелот во Горно Врановци ја прогласи за незаконска и спротивна на Законот, ии таа ,,не може да произведе правни дејствија, па истата се запира,,. Од општина Велес молк по ова решение на надлежниот инспекторат.
Tweet |