Петар Печков
Објавено: петок, 10 мај 2013
По четврти пат Велес и мото клубот ,,Носачи на крстот,, ја организира мото забавта која ќе се одржи сабота навечер. Почетокот е закажан во 20 часот на плажата пред Хотелот Романтик а во музичкиот дел гости се групата ,,Леб и сол,, Драган Б. Костиќ и Давид Нешкоски трио.
Претходно во 18 часот е предвидено дефиле на учесниците на мотори низ градот. Се очекува повеќе стотини учесници не само од клубовите од Македонија, туку и од земјите од соседството, Србија, Бугарија и БиХ. Мотото и на годинешнава мото бич парти е ,,Носи кацига, биди безбеден,,.
И годинава мото бич забавата има хуманитарен карактер. Сите мотористи учесници ќе донираат средства, кои потоа ќе бидат доделени на поединец, семејство на кому му се потребни.
Tweet |