Петар Печков
Објавено: сабота, 11 мај 2013
Повеќе стотина мотористи од Македонија и земјите од соседството, го кренаа Велес на нозе. Дефилираа низ улиците на градот, како вовед во забавата која се случува на велешко езеро Младост. Мотоциклистите, кои беа на расни машини и скапа ,,ергела,, со нивните силни мотори а некој и со скутери, минаа низ централното градско подрачје, положија цвеќе на споменикот на Илинденците и се вратија на езеро.
Таму пак вечерва има ,,Мото бич забава,, со Леб и Сол, Драган Б. Костиќ и со триото Давид Нешкоски. Ова е четврто издание на забавата на мотори а мотото и на годинешнава е ,,Носи кацига, биди безбеден,,. И годинава мото бич забавата има хуманитарен карактер. Сите мотористи учесници донираа средства, кои потоа ќе бидат доделени на поединец, семејство на кому му се потребни.
Tweet |