речник контакт

Моторист излета од автопат, заврши на Клинички

Сообраќајката се случила помеѓу двата тунела во близина на Башино Село

Петар Печков

Вчера вечерта, на делницата од автопатот Скопје- Гевгелија, во близина на Велес  моторист излетал од автопат и се здобил со тешки телесни повреди. МВР со повеќе информации на настанот.

Понеделникот  во 19.00 часот на автопатот Скопје- Велес, помеѓу двата тунела во близина на Башино Село, мотоцикл „Кавасаки“ со велешки регистарски ознаки, управуван од П.Л.(26) од Велес, излетал од патот, удрил во рабникот од коловозот и се повредил. П.Л. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата во Велес - стои во писмената информација на МВР. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес, по што ќе се знаат причините за инцидентот. 

Од ЈЗУ Општа Болница Велес информираа дека  кај нив во возило на итната помош бил донесен пациент, кој бил згрижен и му била дадена неопходната лекарска нега.

Донесено е момче, во контактибилна, свесна состојба, кое со неговиот мотор излетало од автопат. Дежурен доктор од ортопедија, му дал соодветна лекарска помош, извршена е компјутерска томографија на повеќе делови од телото, санирани се повредите,  по што е препратен на лекување   во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје - кажа Марина Андова портпарол на велешката Болница.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »