Петар Печков
Објавено: вторник, 22 август 2023
Вчера попладне моторист излетал од патот и тешко се повредил и тој и сопатникот. Настанот се случил на магистралниот пат Велес- Штип, кај Сарамзалино.
„На 21 август во 18 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Велес - Штип, кај село Сарамзалино, Е.П.(51 год) од Велес управувајќи мотоцикл „кавасаки“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот заедно со сопатникот Р.С (39 год) од Скопје “ - соопштија од МВР.
Со возило на Итна медицинска помош од Свети Николе, двајцата повредени биле пренесени во велешка болница..
„Кај двете лица има скршеници и поради специфичноста на повредата и двајцата пациенти се префрлени на КАРИЛ во Скопје“-информира д-р Елена Левкова Ќулумова, задолжена за односи со јавноста при Општа болница Велес.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Штип.
Tweet |