Петар Печков
Објавено: понеделник, 26 јуни 2023
Моторист од Унгарија загина во сообраќајна нeсреќа, која попладнево околу 17ч. се случи на автопатот Велес – Скопје, близу од тунелот Катланово. Сообраќајкaта била помеѓу мотор со унгарски регистерски таблички и камион, соопштија од МВР.
„Бевме повикани на сообраќајна нeсреќа. Мажот возач на мотор беше на лице место починат, немаше знаци на живот, додека жената и дадовме неопходна здравствена нега и ја префрливме на велешка болница“ – соопштија од Итната помош.
„Примена е пациентка кај која се констатирани лесни повреди, нагмеченици, на снимките нема скршеници. Пациентката е на одделение и ќе ја мине ноќта тука“ – кажаа од Општа Болница Велес.
Автопатот Велес -Скопје (кај тунелот) е целосно затворен за сообраќај, се пренасочува сообраќајот од клучка Велес кон Св.Николе, кон автопатот Штип-Скопје, се додека трае истрагата и увид на местото од несреќата, каде е јавен обвинител и увидна екипа на МВР.
Tweet |