речник контакт

Моторист паднал од моторот, две лица повредени

Во камион кај локалитетот ,,Стоби,, пронајдени 31 мигрант

Петар Печков

МВР информираше дека вчера, понеделник попладне, се случила незгода кога моторист паднал од моторот а две лица се повредени,к едно потешко.

На 17 јуни  во 17.20 часот на улица „Костурска“ во Велес, Љ.Н.(36) од Велес управувајќи мотоцикл „Хамачи“ без регистарски ознаки,, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во незгодата, моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди, а сопатничката М.Р.(22) од Велес се здобила со телесни повреди и биле пренесени во Општата болница во Велес за укажување на лекарска помош - пишува во информацијата.  Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.

Истиот ден, понеделник на пладне во камион кај локалитетот Стоби биле пронајдени 31 лице-мигрант. 

На 17 јуни  15 часот на земјен пат, во близина на клучката за археолошкиот локалитет „Стоби“, при преглед на претходно паркирано товарно возило „Мерцедес“, полициски службеници пронашле 31 лице – мигранти, од кои 29 државјани на Пакистан и двајца државјани на Бангладеш. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот - стои во писмената информација на МВР.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »