речник контакт

Моторист паднал додека управувал мопед и се здобил со скршеници

А.К.(67 год) возел по главната градска улица 8-ми септември

Петар Печков

Велешанец кој управувал мопед, паднал при возењето и се здобил со две скршеници. Настанот се случил неделата попладне на главата градска улица. МВР со детали за настанот.

Неделата на 23-ти февруари,  во 15 часот било пријавено дека на ул.„8-ми Септември“ во Велес, мопед со велешки регистарски ознаки, управуван од А.К.(67) од Велес изгубил контрола и паднал на коловозот. Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Општата болница Велес за укажување на лекарска помош - информираа од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес, по штп ќе бидат познати причините. 

Од ЈЗУ Општа Болница Велес информираа дека мотористот се здобил со две скршеници.

Бил донесен пациент кој е згрижен на ортопедија. Дежурниот лекар констатирал скршеници на зглоб на раце и на зглоб на нога. Дадена е потребната терапија, скршениците се мобилизирани и пуштен е на домашно лекување - изјави д-р Тодор Јаковлев портпарол на ЈЗУ Општа Болница Велес.  

фото -архива

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »