Петар Печков
Објавено: четврток, 11 јули 2024
Вчеравечер моторист удрил во тротоар, паднал, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката. Деталите од СВР Велес.
„На 10 јули околу 21.40 часот во СВР Велес било пријавено дека на улица „Вардарска“во Велес, мопед „џонвеј“ со велешки регистарски ознаки, управуван од малолетник, удрил во тротоар и паднал на коловозот“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, а возачот на мопедот се здобил со телесни повреди, констатирани во болница во Велес.
„Во текот на вечерта донесена е повредна девојка, при пад од мотор. Дадена и е неопходна здравствена терапија, извршени се радиодијагонсики прегледи, компјутерска томографија на глава и констатирани скршеница на нос и повреди на глава. Пренесена на клиника во Скопје“ – кажа Марина Андова портпарол на Општа болница Велес.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.
фото интернет
Tweet |