Петар Печков
Објавено: понеделник, 08 јули 2024
Саботата претпладне, моторист се здобил со скршеници, откако се случил судар со автомобил. Деталите од информацијата на СВР Велес.
„На 6 јули во 10.25 часот СВР Велес било пријавено дека на улица АСНОМ, пред влез на пералница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило голф, управувано од М.А.(32 год) од Битола и мотоцикл венџи, управуван од Д.Д.(61 год) од Велес, и двете со велешки регистарски ознаки“ – информира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во болницата во Велес.
„Примен е пациент во ургентен центар, дадена потребната здравствена помош и по извршената радиодијагностика и снимки со компјутерски томограф, констарирани се скрешници на колено и потколеница, по што е згрижен на ортопедија“ – кажа Марина Андова, портпарол на општа болница Велес.
По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес, за да се истражат причините за сообраќајна незгода.
| Tweet |




