Петар Печков
Објавено: четврток, 03 септември 2020
Средата околу пладне, моторист, кој возел по улицата кај Речани, се здобил со тешки повреди, скршеница, откако удрил во куче, кое било на патот. За настанот, кој се случил во близина на базата на ЈП Македонија пат, информираа од СВР Велес.
На 2-ри септември околу 11.45 часот на ул.„Академик Пенчо Давчев“ во Велес, мотоцикл „лифан“ со велешки регистарски ознаки, управуван од Ј.К.(50), удрил во куче, по што паднал на коловозот - соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР велес. Мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата во Велес.
Околу пладне донесено е повредено лице на хируршкото одделение- ортопедија. Констатирана е скршеница на потколеница, извршен е оперативен зафат и тој и денес, четврток е задржан на одделение - информираше д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.
Tweet |