Петар Печков
Објавено: понеделник, 26 октомври 2015
Спортскиот викенд зад нас со скромна понуда на велешките спортисти.
Викендов се возеше втората трка од мото крос шампионатот на Македонија, каде возеа и мотористите на Мото клубот Велес . Драган Ванов во класата МХ 1450 кој го освои 3-тото место. Со ова ја здржа третата позиција во генералниот пласман. Самир Бишевац во класата МХ85 го освоил второто место и остана на првото место во шампионатот. Тие возеа на патеакта Орман крај Скопје. Следната трка од шампионатот се вози на 1-ви ноември на патеката Братиндол во Битола.
Фудбалерите на футсал екипата на Велес на гостувањето во Кавадарци загубија од екипата на Црна река со 8:6. По ова коло екипата на Велс со 7 освоени бодови се најде на шестото место Во следното шесто коло го пречекуваат првакот и учесник во 16 финалето на Лигата на прваци на УЕФА, Железарец од Скопје. Ова коло ракометарите на Борец членови на Супер лигата не го одиграа натпреварот со скопски Металург кој е одложен поради настапите на домаќинот во Лигата на шампионите.
Tweet |