Петар Печков
Објавено: сабота, 04 септември 2010
Триста мотористи ќе ја крстосуваат Македонија три дена по повод 8-ми Септември Денот на државноста во мото релиото ,,Низ Македонија,, .. Со учество на мотористи од Бугарија, Србија, Хрватска, Унгарија, Словенија и од сите клубови од Македонија, тие ќе минат илјада километри на две тркала.
Македонија со мотори ќе ја прошетаме во три дена, првиот ден ноќеваме во Дојран, втората етапа е во Охрид и третата е до Скопје. Целта е да го одбележиме празникот со дружење, возење – Ѓорги Несторов Зрно директор на ова рели. Со звукот на хонди, сузуки, кавасаки или сите марки и видови мотори, брзински и туристички, го привлекоа вниманието и велешани застанаа на миг да ја видат километарската колона на учесници која парадно мина низ градот.
Tweet |