речник контакт

Мотористите дарува на децата со посебни потреби

Собраните пари од мото забавата пред две седмици, за децата од Дневниот центар

Петар Печков

Децата со посебни потреби  од дневниот центар  в Велес добија подарок од мотористите од градот.   Собраните средства од неодамна одржаната мото забава на езерото Младост, ги подарија на децата посетители на Дневниот центар. За ова цел им донираа ДВД  музички систем.

Овие деца ги посетивме за Нова година и ни оставија впечаток со нивната желба за дружење. Затоа сега се решивме парите од одржаната  забава да ги намениме за нивните потреби. Очекуваме дека времето ќе им биде така целосно исполнето и интересно за сите нив. Ова е донација од сите мотористи во Македонија, бидејќи на забавата  имаше околу 800 учесници  – изјави д-р Горан Јовиќ  претседател на  Мото клубот „Носачи на крстот“. 

Парите се собрани од учесници на третата ,,Мото бич забава,, на која освен мотористи од Македонија, учествуваа и гости од  Бугарија, Грција, Србија.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »