Петар Печков
Објавено: петок, 27 ноември 2015
Мото клубовите ги доделија признанијата за надборите мотористи во земјава за 2014 и 2015 година. Награди добија и велешките мотористи.
За тековната година, 2015 во класата МХ 85 првак е Самир Бишевац, во најсилната класа МХ1 Драган Ванов го освои третото место, а во екипна конкуренција мото клубот Велес е вицешампион на Македонија во мото крос, за што придонес имаат и Виктор Караколев и Марин Сугарев. .
На свеченоста која се одржа во Александар Палас, беа доделени и признанијата за претходната година 2014-та. Во екипна конкуренција мото клубот Велес беше трет, исто како и неговиот возач Јове Иванов во МХ 250 додека Драган Ванов беше втор во класата МХ2.
Овие резултати на велешките мотористи се постигнати, кога немаат можност а каде да тренираат, оти Велес нема мото крос аптека, но се надеваат дека и нивното барање наскоро ќе биде решено.
Tweet |