речник контакт

Мотористот Драган Ванов, спортист на Велес за 2020 година

Екипа на годината ФК Борец, признание и за навивачката група „Гемиџии“

Петар Печков

Мотористот Драган Ванов е спортист на Велес за 2020-та година. Тој по втор пат го освојува ова признание, првиот пат беше во 2015-тата. Ванов, кој е член на Мото клубот „Велес“  е државен првак во ендуро во класата Е-1.Ова е одлука нa УО на Сојузот на спортови на Велес а манифестацијата се одржа по 61-ви пат. Спортистот на годината во изјава за ТрМр изрази благодарност за признанието и е заблагодари.  

„Зад мене се 15 години работа, вложен труд, многу напор, работа. Големо е задоволството што го освоив по втор пат. Се надевам дека успесите ќе ги продолжам. Работам без спонзори, очекувам дека за следната сезона ќе се најдат повеќе средства за моја работа и настапи на поголеми трки, бидејќи не сум далеку од други возачи. Не заостанувам зад нив“ - кажа Ванов.  

Во поединечна конкуренција зад Ванов се најдоа одбојкарот Матеј Митев, кајакарите Ангел Петрушев и Христијан Игнатов,  фудбалерот на ФК Борец Трајче Трајков, фудбалерката Ана Јавашева, кошаркарот Суат Карталовиќ, ракометарот  Кирил Миленков, каратистот Ѓорѓи Бановски, велосипедистите Христијан и  Виктор Ванчевски, Никола Саздовски – КМФ Кеги мобил, Христијан Маневски – ФК Превалец и Љубомир Спасиќ – КК Арка.

Во екипна сениорска конкуренција најдобар клуб беше прогласен ФК Борец, пред ГОК Борец и  футсал КМФ Кеги Моби а за тренер беше прогласен одбојкарискиот Петре Жабев.

Посебни признанија доби навивачката група Гемиџии и судијката од карате Клементина Војдиновска.

Во категоријата екипно млади третото место му припадна на ККК Вардар, второто место на ГОК  Борец и првото место на Карате клубот Гладијатор а за тренер Димче Стефановски од ККК Вардар.

За млади спортисти за 2020 признанија добија: Милан Дончевски – ФК Борец, Антонио Николов – ГОК Борец, Христијан Гајдов – КК Борец  баскет, Мартин Арсовски – КК Гладијатор, Христијан Смилев – КК Бабуна, Давид Николов – ЗСР Бабуна, Коце Игнатов- КК Бабуна, Валерија Крстева – КК Арка Борец, Кристијан Коцевски – РК Велес 2009, Катја Зафирова – ЖОК Борец, Мартин Гогов – ФК Борец Јуниор, Ангелина Босилкова – ФК Борец, Давид Ристовски – МВК Велес, Стефан Рибарски – ККК Вардар, Ердин Зејнелов – БК Борец, Јована Николова – БК Борец, Петар Андоновски – РК Вардар.

Поради пандемија со квовид-19, изборот кој традиционално се врши при крајот на календарската година, оваа се случи шест месеци подоцна, објаснија од Сојузот на спортови нa Велес, кој е организатор на манифестацијата.

И покрај оценката на организаторот дека Веелс има значајна улога во спортот во земајва,  и  успешна сезона, во оваа пред олимписка 2020 година, останува фактот дека на Олимпијадата годинава нема да има велешанец.

За потсетување  на таа во 2012-та во Лондон и 2016-та во Рио настапија велешаните Кристијан Ефремов во атлетика и Ана Богдановски во пливање. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »