речник контакт

Мотоцикл удрил пешак, кој завршил на Ургентен во Скопје

Истрагата на увидната екипа на СВР Велес треба да ги открие причините за сообраќајката

Петар Печков

Утрово  во близина на училиштето „Коле Неделковски“ се случила сообраќајна несреќа во која тешко е повреден пешак. Деталите од информацијата на СВР Велес.

„На 29 август во СВР Велес било пријавено дека околу 04.55 часот на улица ,,Андон Шурков" во Велес, мотоцикл ,,пијаџо беверли" со велешки регистарски ознаки, управуван од Т.И.(24 год) од Велес, удрил во пешакот Т.А.П (58 год) од Велес“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

„Нешто пред 5 часот утрово примен е повик за сообраќајка, со двајца повредени. Екипа на итната служба веднаш заминала на местото на настанот, едниот пациент се жалел на повреди на глава а другиот на нога. Дадена е неопходна терапија и пренесени се во Ургентен центар во болниц “ – кажа д-р Василка Пановска, началник на службата за итна помош при ЈУЗ Здравствен дом Велес.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, а со телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во болницата во Велес.

„Утрово во 5 часот, двајца повредени од машки пол, од Велес ,во сообраќајна незгода донесени се во ургентната единица во ЈЗУ Општа болница Велес. Пациентот  на 58 годишна возраст, упатен е на оддел за радиодијагностика, направена е компјутерска томографија (КТ) на цело тело. Констатирани се тешки телесни повреди на глава. Поради тежината на повредите транспортиран е на Ургентен центар Скопје Т.И на 24 години возраст од Велес, направен е КТ на цело тело,констатирани се нагмечувања без скршеници,задржан на оддел за ортопедија и трауматологија на понатамошна опсервација“ – информира Марина Андова портпарол на Општа болница Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »