речник контакт

Мотоциклист почина откако на автопат удрил со моторот во возило паркирано надвор од коловозот

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, на лице место на сообраќајката

Петар Печков

Мотоциклист смртно настрада на авгопатот кај наплатна рампа Стоби, откако со моторот удрил во парирано возило, надвор од коловозот. Деталите од информацијата на СВР Велес.

„На 15.08.2025 во СВР Велес е пријавено дека околу 15:48 часот на регионалниот пат Велес– Градско, наспроти наплатна станица Стоби, мотоцикл со велешки регистарски ознаки, управуван од Д.Н.(52 год) од Градско, удрил во па годтничко возило „фолксваген поло“ со велешки регистарски ознаки, кое од страна на Ј.К.(37) од Градско било паркирано надвор од коловозот“ – информираше Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес. 

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал Д.Н.. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. 

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »