Петар Печков
Објавено: понеделник, 06 јуни 2022
Саботата попладне на моторист од Србија излетал од патот и се здобил со тешки телени повреди.
„На 04 јуни во 17.25 часот било пријавено дека на регионалниот пат Градско- Велес во близина кај крстосница за село Црквино мотоцикл „БМВ“ со српски национални ознаки управуван од Б.М.(55) од Република Србија излетал надвор од коловозот“- соопштија од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес по што ќе се знаат причините за излетувањето.
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Велес. Од таму информираа дека повредениот икал скршеници на ребра и на клучна коска а по негово барање бил пуштен на домашно лекување.
фото илустрација
Tweet |