Петар Печков
Објавено: сабота, 10 мај 2014
ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЦРВЕНИОТ КРСТ, ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЦРВЕНИОТ КРСТ ВО ВЕЛЕС, ОРГАНИЗИРАШЕ ГОЛЕМА ПРОМОТИВНО-ХУМАНИТАРНА МАНИФЕСТАЦИЈА КОЈА СЕ ОДРЖА ВО МЛАДИНСКИОТ ПАРК, ПОД МОТОТО: МОЈАТА ПРИКАЗНА ВО ЦРВЕНИОТ КРСТ.
Не очекувавме дека толку многу велешани ќе дојдат на овој настан. Сакавме поинаку, различно од досега да го обележиме овој ден на Црвениот крст. Ова е хуманитарно промотивна акција со која ја постигнавме целта. Ние не сме само за акција за крводарување, дарување стари алишта, туку напротив имаше широк опсег на работа - изјави д-р Милчо Трајков претседател на Републичкиот и Општинскиот Црвен крст.
НА 15-ТИНА ШТАНДОВИ, ПОСТАВЕНИ ВО МЛАДИНСКИОТ ПАРК, ПОСЕТИТЕЛИТЕ ИМАА УБАВА МОЖНОСТ ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО АКТИВНОСТИТЕ НА КРВОДАРИТЕЛИТЕ И ВОЛОНТЕРИТЕ НА ЦРВЕНИОТ КРСТ.
БЕСПЛАТНО БЕШЕ МЕРЕН КРВЕН ПРИТИСОК, НИВОТО НА ШЕЌЕРОТ ВО КРВТА, А ДОКТОРИТЕ ВОЛОНТЕРИ ВО ЦРЕНИОТ КРСТ ДЕЛЕА БЕСПЛАТНИ ЛЕКАРСКИ СОВЕТИ. НА ДЕЛ ОД ШТАНДОВИТЕ СЕ ПРОДАВАА ДОМАШНО ИЗРАБОТЕНИ ТРАДИЦИОНАЛНИ И ВКУСНИ ПРЕХРАМБЕНИ СПЕЦИЈАЛИТЕТИ, КАКО И РАКОТВОРБИ И РАЧНО ИЗРАБОТЕНИ СУВЕНИРИ ОД ПОВЕЌЕ НЕВЛАДЕНИ ЗДРУЖЕНИЈА.
СРЕДСТВАТА СОБРАНИ ОД ПРОДАЖБАТА НА ИЗЛОЖЕНИТЕ ПРОИЗВОДИ, БЕА НАМЕНЕТИ ЗА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ЛИЦА ЗАБОЛЕНИ ОД ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА, КОИ ПАК ЌЕ ГИ УПОТРЕБАТ ЗА ПАТУВАЊЕ НА НИВНИТЕ ЧЛЕНОВИ НА ЛЕТЕН ОДМРО ВО БАР ЦРНА ГОРА.
Tweet |