Петар Печков
Објавено: четврток, 12 февруари 2026
За повеќе од една третина, за 38 отсто е зголемен бројот на скршеници на екстремитети, раце, нозе. Тоа е последица во најчест случај на мразот кој во дел од месец јануари беше присутен во Велес. Ова посебно беше изразено во утринските часови. Податоците се од службите на Општ болница Велес. Споредбата е за месец јануари во однос на декември, минатата година.
„Во месец декември бројката била 47, а во јануари бројката се искачила на 65 случаи. Има благо зголемување“ – пишува во писмениот одговор од оваа здравствена институција, добиен на 11 февруари пред 15ч. Прашањето од ТрМр беше поставено на 27 јануари.
| Tweet |




