Петар Печков
Објавено: петок, 17 декември 2010
Големи мразулци долги и по половина метар висат во тунелите на автопатот Скопје Велес и Велес – Скопје, реагираат возачите кои секојдневно ја минуваат оваа делница. Тие стравуваат за безбедноста на учесниците поради опасноста да се скршат и паднат врз некој автомобил.
Вакви мразулци има во тунелот кај Катланово кон Скопје и во тунелот кај Башино Село за Велес. Страшна е глетката кога во темнината ќе се здогледаат, бидејќи постои можност секој момент тие да паднат врз некој автомобил кој е во движење. Колку е тоа опасно за нас возачите и сопатниците сите знаеме. Што ли само работи Македонија пат и за кого плаќаме патарина , кога патиштата не се одржуваат – велат луто возачите кои возат на релацијата до Велес до Скопје и обратно.
Tweet |