Петар Печков
Објавено: вторник, 05 октомври 2010
Во саботата околу 21 часот настанат е пожар на патнички автомобил комби марка „Форд Транзит“ сопственост на лицето И.К. (1976) од селото Сливник, велешко.
Возилото било паркирано на улица во близина на куќата на сопственикот. Огнот според полицијата започнал од задниот дел на внатрешноста и се проширил, по што пламенот ја зафатил целата внатрешност и поголем дел од возилото. Сопственикот смета дека пожарот е подметнат а штетата ја проценува на пет илјади евра.
Полицијата истражува за причините и како настанал пожарот а по добиените анализи ќе следи и соодветен поднесок.
Tweet |