Петар Печков
Објавено: вторник, 18 јули 2017
СВР Велес поднесе кривична пријава против А.Д.(22) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Откако пријавениот извршил упад во „account“ на „Content.ad“ која што претставува маркетинг стратегија за рекламирање на содржини и дистибуција на истите преку платен канал и направил промена на информациите за начинот на исплата на паричните средства.
А.Д. ја заменил постоечката девизна сметка сопственост на велешанецот В.И. со својата девизна сметка, а воедно извршил и промена на е-mail адресата и промена на лозинката, со што се стекнал со имотна корист од 11.254 долари на штета на В.И.
Tweet |