Петар Печков
Објавено: среда, 01 септември 2010
Кражбата ја сторилна четврти минатиот месец од тезгата на својот пријател на Градскиот пазар во Велес. Додека заедно продавале разни производи во еден момент на неговиот пријател Д.М. , кој продавал половни мобилни телефони, му се слошило, бидејќи страдал од шеќерна болест.
И додека соседите од тезгите му притекнале на помош и на Д.М. му дале вода за да се освежи, а некои побарале и лекарска помош, неговиот прв сосед Р.М. ја искористил приликата и ја извршил кражбата. Незабележан од никого тој украл десет мобилни телефони од марката алкател, самсунг,сони ериксон, нокија, моторола и други. По укажаната помош здравствената состојба на Д.М. му се подобрила здравствената состојба веднаш забележал дека му недостасуваат од тезгата мобилни телефони.
Веднаш реагирал и го побарал својот пријател Р.М. но тој никаде го немало.Случајот го пријавил во СВР Велес. Полицијата стапила во акција и по кратко време го привела Р.М. По разговорот Р.М. признал дека тој ги украл мобилните телефони и дека на својот пријател му направил штета од 12.000 денари.
Крадецот на мобилните телефони Р.М. на велешката полиција и е познат од одамна и дека против него се водело и прекршочна постапка од областа на јавниот ред и мир за што му била изречена и соодветна казна.
Од друга страна не е познато како половни телефони, без никаква декларација се наоѓаат на пазарот и зошто пазарната инспекција не го санкционира овој црн бизнис, кој ги покрива кражбите на мобилни телефони.
Tweet |