Петар Печков
Објавено: сабота, 15 март 2014
Поштенското сандаче пред храмот во изградба Св. Кирил и Методиј и таблaта за кино претствите пред банката во центар се вистински музеј на отворено. Иако десетина години не се во функција тие се дел од амбиентот и секојдневието и малкумина обрнуваат внимание на нив иако се вон употреба.
Како времето минуваше се помалку се користеа сандачињата за испраќање на писма, така и ова сандаче стана некорисно и неупотребувано. Тоа е сведок на едно време кога тоа се користеше за комуникација помеѓу луѓето, наместо сегашниот компјутер и интернет. Исто такво има и пред Читкушева чешма.
И огласната табла на киното, кое го најавуваше и рекламираше подвижните слики кои се на репертоарот во Велес, десет години од април 2005-тата е некорисно.
Затоа тие се вистински велешки музеј на отворено. И никако оваа вест не би сакала да се протолкува уште утре надлежните да земат да ги исечат и фрлат во старо железо.
Tweet |