Петар Печков
Објавено: среда, 11 септември 2013
Петре Костов е разрешен од функцијата директор на ЛУ Народен Музеј во Велес а на негово место градоначалникот ја постави за в.д Елица Николова. Таа 25 години, или целиот досегашен работен век го мина во оваа културна установа. Николова е дипломиран историчар на уметноста – археолог.
Градоначалникот Чадиев најави дека ќе се преиспита финансиското работење на Музејот како и попис на предметите со кои располага. Досегашниот директор Петре Костов, кому велешката полиција му поднесе две кривични пријави за кражба и злоупотреба на службена должност е во притвор. Откако обвинителството ја добило кривичната отворена е истрага, тие побарала а истражен судија му одредил мерка притвор од месец дена.
Костов е веќе во истражен затвор. Тој летово украде две монети тетрадрахми со ликот на Александар Македонски стари 2,3 илјади години. Откако беше откриено дека тој е крадецот монетите ги врати и тие се повторно во музејот во Велес.
Tweet |