Петар Печков
Објавено: вторник, 24 октомври 2023
Во Ликовниот салон во Велес отворена е мултимедијалната изложба „Матијас (беш)е тука“ на Марија Трпеска и Стефан Анчевски. Таа документира дел од уметничкиот животот на Матијас Александар Божинов, трагично починат во времето на неговите студентски години.
Изложбата е дело на неговите колеги од студентските денови. Двајцата автори низ серија фотографии го рефлектираат интимното доживување на времето и местата на битисување со нивниот драг пријател и колега.
„Матијас не успеа да дипломира, не испеа да има изложба. Оваа изложба негова изложба, делата се негови, ние само тука да оставиме трага за Матијас“ - кажа Анчевски кој е визуелен уметник и твори во Куманово.
„Матијас беше наш колега, пријател и другар од факултетските денови. Кога дипломиравме со Стефан, одлучивме да создадеме еден омаж за Матијс, вклучувајќи негово дело - скулптура. Така го одбележуваме неговото присуство во нашите животи, тој и натаму живее во нас “ - рече Трпеска која живее и твори во Скопје.
Матијас е роден струмичанец, кој починал во текот на студиите на ФЛУ Скопје, на трета година. Промотор на изложбата беше Емилија Каревска.
„Ова визуелно творештво и патување на блиски пријатели на Матијас и колеги, носи суштинска приказна. Пораката која ја испраќаат самите автори,е квалитативна за животот на делото, по физичката загуба на авторот“ - порача Каревска.
Изложбата е организирана од ЛУ Народен музеј Велес и е дел од годишната програма финансирана од Министерството за култура.
Tweet |